Каде македонските државјани може да патуваат слободно?

Македонија се наоѓа на зелената листа на три држави во кои може слободно да се патува без обврска за валиден ПЦР тест за коронавирус и карантин.
За сите останати држави во Европа, Македонија останува на црвената листа за влез.
Македонски дрќавјани можат слободно да патуваат само во Србија, Албанија и Косово.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека за време на викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите, односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела.

Албанија со одлука на тамошната Влада границата за странски и домашни државјани ја отвори на 1 јуни, при што не се предвидени посебни протоколи, освен вообичаените мерки за носење заштитна маска и одржување физичка дистанца.

За влез во Србија, од 22 мај нема потреба од негативен тест на коронавирус или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.

Косовските власти исто така ги отворија копнените граници за сите соседни земји, за домашните и за странски државјани. Не е потребен тест ниту карантин, или самоизлоација при влез во земјата. Се врши само проверка на температурата на лица по случаен избор од страна на здравствен тим.

За влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на РМ нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест. Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок.

Total
0
Shares
Поврзани објави