Како со сопругот се заразивме со корона – ни велеа не сме патувале нема потреба од тест

Брачен пар кој се лекува на Клиниката за инфективни болести по неколку дена престој и подобрување на здраствената состојба проговорија како се заразиле од корона вирусот. Исто така жената открива детали како стигнале до Инфективна и низ какви пропусти поминале во процесот на дијагностицирање. Информацијата е од пред два дена но сепак апелот да се внимава и почитуваат препораките секојдневно треба да се испраќа

Во продолжение сведоштвото на жената споделено на социјалните мрежи.

Сега кога сме подобри, би сакала да ве известам дека утврдивме дека вирусот стаса од колеги од Србија кои беа во работна посета на фирмата.

Несвесни за болеста која ја носат, имаа контакти со голем број вработени.

Веднаш кога се разболевме, се повлековме дома мислејки дека е грип. Имавме три обиди да направиме тест за корона но од Центарот за јавно здравје не одбиваа со објаснуванје дека штом не сме патувале, нема ризик од корона.

После 5 дена со температура над 39, Зоран доби пневмонија, но ниедна болница не мозеше да го прими заради ризик од корона. Најпосле се тестираше во болницата Филип Втори каде бесе утврдено дека е заразен.

Веднаш потоа се презедоа сите потребни мерки кои фала богу даваат резултати.

Препорачувам за сите да ги ограниците контактите и строго да се придржувате на препораките за заштита од вирусот.

Весна Кондратенко

.

Total
0
Shares
Поврзани објави