Камчев не го доби пасошот и со 3 милиони евра гаранција

Апелациониот суд Скопје ја потврди одлуката на Кривичниот суд да не му го врати пасошот на Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“, во замена за гаранција во износ од 3,1 милиони евра.

Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Империја“ ги донесе следните одлуки:

       Решение КСЖ-722/19 со кое жалбата на осомничениот Ј.К од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди;

       Решение КСЖ-774/19 со кое жалбата на осомничениот Н.Ј. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди.

соопштение Апелационен суд Скопје

Total
0
Shares
Поврзани објави