Канал 5: Приведени тројца терористи на ИСИС!

Телевизија Канал 5 информира деке според сознанијата на телевизијата имало акација на полицијата и велат дека е разбиена терористичка група во Куманово.

Утринава, неофицијално, полицијата извршила три претреси во Куманово и еден во Скопје и привела тројца кумановци- припадници на ИСИС, кои порано се бореле на боиштата во Сирија, а подолг период се вратени во Македонија со цел регрутирање на нови кадри, но и изведување на напади за потребите на оваа терористичка организација. Истите набавиле огромна количина оружје и воена опрема, а според сознанијата на Канал 5 полицијата пронашла автоматски пушки и друго оружје, експлозив, елеци за самоубиствени напади, знамиња на ИСИС.

Во текот на денот следуваат повеќе детали.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави