Каракачанов: Заев слушнал за Гоце Делчев ама му е матно како муртинска матеница

Поранепшниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов со коментар на средбата Заев – Мицотакис, кои ви го пренесуваме во целост од неговиот профил на Facebook:

“Отишол вчера Заев кај Грците, кои ја блокираа Македонија дваесет години за се за кое што можеа, за да им побара поддршка против Бугарија. Тој исто така рече дека бугарската позиција е, пазете – смешна! ⁉

Знам дека премиерот Заев нема појма за историја. Слушнал нешто за Гоце Делчев – тоа е факт, но сè друго е матно како муртинска матеница (јогурт). Но, колку и да не ја разбираш историјата, не може постојано да глумиш дека бугарскиот став за историските прашања е смешен, или дека не очекуваш дека Бугарија може да ја блокира Република Северна Македонија за преговори за ЕУ.

Другар Заев, јас ова барем 20 пати Ви го кажав и на најбратски начин предупредив дека ако не го промените односот кон Бугарија и не престанете со малтретирањето на Бугарите во Македонија – ветото е неизбежно! Вие, како да сте го разбрале, и велите демек дека работите ќе се променат по вашите избори, по вашиот референдум, по што и да следи, и на крај едно големо … ништо! Се надевавте дека со вашето селски финти ќе не излажете дека ние Бугарите пасеме трева.

❓ Кој толку многу ве научи да ги потценувате Бугарите и да мислите дека некој во Софија ќе се сложи и ќе потпише празна чек, а вие продолжувате да не го почитувате Договорот за добрососедство и да ја градите својата државност врз основа на омраза кон сè што е Бугарско? Знам кој, всушност … Истиот тој ве научи на нешто друго – да имате самодоверба и верба во библиските месии. Но, колку што овие „квалитети“ им помогнале на вашите учители, толку ќе ви помогнат и вас. Погледнете ги, па тие го исполнија пророштвото на пророчицата, ја ја расипаа државата и повторно се собраа под една круша. Жално! Но, вие го следите нивниот пат.

Запрете, осознајте се, не верувајте дека некој некогаш ќе успее да изврши притисок и принуда врз Бугарија и бугарскиот народ да ја предадат сопствената историја, нашата заедничка историја – бугарската историја!

Ова нема да се случи како што мислите и ВМРО и целиот бугарски народ ви го гарантирааат тоа!

# Македонија е # Бугарија

# Бугарска историја

# Јазик на омраза?”

Постот може да го прочитате тука.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави