Карамбол кај Прентов мост, жителите на Куратица секојдневно во опасност

Попладнево се случи сообраќајка кај Прентов мост охридско во која се судрија неколку возила. Има повредени но не се во животна опасност. Интервенирала итна медицинска помош а на местото на сообраќајката останаа неколку искршени возила.
Местото е сообраќајна црна точка. Тоа е место каде се врти лево од главниот пат и се оди кон селото Курајца.
– Секој ден има по неколку ситуации во кои се избегнува сообраќајка, вели локалното население.
Жителите на Куратица , превозниците на патници, превозниците на материјали од каменоломот, се соочуваат секојдневно со избегнување на вакви сообраќајки и покрај сообраќајниот знак дека има спореден пат и полна линија.
Месната заедница Куратица ќе бара заедно со Секрторот за внатрешни работи најбро што може да се најде решение на овој проблем оти најзасегнати се жителите на Куратица, Плаке Рецица и Каменоломот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Превртен автомобил кај МАНУ

Утрово во 02.55 часот било пријавена сообраќајна незгода на булеварот „Крсте Мисирков“ каде што патничко моторно возило „Пасат“…