Катица го тужи Боки

Судскиот совет денеска одби дел од доказите доставени од обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) и приватна тужба од Катица Јанева кон Бојан Јовановски-Боки 13.

– Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства, рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.

Кривичниот суд во Скопје не го прифати предлогот на првообвинетиот во предметот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13, во дополнение на доказната постапка како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.

На оваа одлука реагираше бранителот на обвинетиот Боки 13, адвокатот Сашо Дуковски, кој рече дека во овој случај се прифатени многу понерелевантни сведоци.

Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана.

Total
0
Shares
Поврзани објави