Катица Јанева фотографирана со куп банкноти од по 500 евра

Обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева денеска во судница јавноста можеше да ја види на фотографија како седи на кожна гарнитура полузавиткана во шарено кебе. Пред неа на масичка поголема сума пари и тоа банкноти од по 500 евра. Банкнотите беа со хартиена назнака – пачки од „Тутунска банка“. Покрај парите кафе цигари благо и овошје.

Оваа е една од фотографиите и видеоснимките, презентирани денеска за случајот „Рекет“ и се од вештачењето на мобилниот на првообвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13. Јанева не гледа во камерата, фотографиите се како таа да не знае дека е сликана.

Денешното судење продолжи по многу перипетии околу здравјето на Бојан за кое судот тврди дека има документација дека има гастритис, додека Јовановски тврди дека има карцином.

Беа презентирани докази односно комуникација од неговиот телефон со Лила Стојановска која го информира дека во ресторан ги видела Орце Камчев Наташа Савова , за што Боки и одговара “Стока”. Во неговиот телефон има и разговор околу набавка на скап часовник за кој Бојан барал д абидат изгравирани иницијали за кои не се знае чии се.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Лиле Стефанова со активности за скрининг на правосудството – одложено судењето за изборни нерегуларности против Груевски, Димовски, Бришковска и други

Денешното рочиште за предметот Титаник се одложи поради отсуство на обвинителката Лиле Стефанова. Таа го известила Судот дека…