„Катимерини“: Влада ќе прават СДСМ-ДУИ-ДПА

Според аналитичарите во Скопје, најверојатно сценарио е формирање влада од страна на СДСМ на Зоран Заев, ДУИ на Али Ахмети и ДПА на Мендух Тачи. Во овој случај, трите партии, кои исто така учествуваат во актуелната влада, обезбедуваат парламентарно мнозинство од 62 места, гласи анализата на грчки „Катимерини“ по вчерашните предвремени парламентарни избори во Македонија.

Електронското издание на весникот напомена дека пренесувањето на резултатите од вчерашните избори се случило со многу проблеми, бидејќи доцна синоќа беше прекината работата на компјутерските системи на Државната изборна комисија.

„Вчерашното гласање, сепак, помина без проблеми.Стапката на излезност се проценува на околу 51 проценти. Зоран Заев во изјавите во раните утрински часови го изрази задоволството за доминацијата на неговата партија на вчерашните избори“, пишува „Катимерини“.

Според првичните проценки, СДСМ ќе заземе 49 места во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ 47, ДУИ 12 и „Алијанса за Албанците“ 10 места.

Во новиот парламент влегуваат и националистичката левичарска партија „Левица“ и „Демократската партија на Албанците“ (ДПА), за кои се проценува дека добиваат по едно пратеничко место.

Total
0
Shares
Поврзани објави