Казнети 437 лица за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на цела држава, полицијата прекршочно казнила 437 лица за неносење маски.

Со Уредба на Владата, од 23 април годинава во земјава е задолжително носење лична заштита на лицето: маски, марами или шалови надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Уредбата за задолжително носење маски објавена во „Службен весник“ – дознајте ги правилата и исклучоците

За непочитување, предвидени се глоби кои се од 20 евра за физички лица, 500 евра за одговорно лице во фирма до 2 000 евра во денарска противвредност за правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Избор:360stepeni.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави