Казните не ги спречуваат забавите по кафулиња во Струмица

Има ли појако? Вака ја опишале синоќешната забавата гостите во Кафе 19 во Струмица. 

Видеото кое кружело на интернет ги поканило и инспекторите во кафе барот и журката завршила до еден часот по полноќ. Една од причините за метежот во кафе барот бил силниот дожд надвор, па дел од гостите сакале да се засолнат и се приклучиле на забавата.

Вакво објаснување добиле инспекторите кога влегле на забавата. Истото објаснување го добиле и Канал 5 телевизија иако официјално не сакаале да коментираат за вечерната забава. Инспекторите од Струмица потврдиле дека клубот „Аватар“ се уште е затворен и нема да биде отворен.

Инспекторите во Струга пристигнале на свадба и ја прекинале во хотел Дипломат. Од хотелот за телевизијата објасниле дека свадба немало тука сунет и имало 100 гости, а во салата собирало 500 луѓе. Инспекторите од овој регион се жалат на односот на судот кон овие случаи. Голем дел од пријавите се уште не се решени. Пријави кои се пуштени уште во мај се уште немаат разрешница.

Во Скопје две пријави добиле кафе барови поради непочитување на мерките предвидени со број на гости.

Казната за непочитување на мерките е 5 илјади евра и година дена затворска казна. Дел од прекршителите ја плаќаат казната во рок од осум дена и не стигнуваат до суд. Од јануари до крај на јуни 2.957 пријави биле напишани до објекти кои не ги почитувале стандардите и за вршење на угостителска дејност. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави