Ким Џонг-ун во критична состојба?

САД ги следат информациите на тајните служби според кои лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е во критична состојба по операцијата на срцето, објави Си-Ен-Ен.

Гласините за неговата здравствена состојба беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо на 15 април. Тој последен пат е виден на 11 април на владина седница.

Неименуван американски претставник за Си-Ен-Ен изјави дека постои загриженост за здравствената состојба на Ким, но оти е тешко да се процени сериозноста на ситуацијата.

Јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.

Total
0
Shares
Поврзани објави