Кина го затвори градот каде што се појави нов опасен вирус

Кина во катантин го стави градот каде што се појави смртоносниот коронавирус со цел да се спречи ширењето на заразната болест од која досега починале 17 луѓе, додека неколку стотици се заразени. Вирусот веќе е забележан и во други земји. Светската здравствена организација најави одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба.

Властите во кинескиот град Вухан, освен сите летови и возови исто така ги суспендираа јавните автобуси и метрото, наредувајќи им на 11-те милиони жители да не го напуштаат градот „без посебна причина“.

Градскиот оддел за туризам и култура ги откажа сите групни тури до 8 февруари, а се откажани и сите јавни настани за Лунарното новогодишно празнување што во Кина започнува в петок.

Задолжително е и носење маска на јавни места.

Во центарот на напорите за спречување на ширење на вирусот се здравствените работници кои им помагаат на инфицираните.

Вухан се смета за епицентарот на појавата на епидемија и тоа на пазарот на морска храна каде што нелегално се продавале и диви животни.

Коронавирусот предизвика паника поради неговата сличност со САРС, тежок акутен респираторен синдром што ја зафати Кина во почетокот на овој век.

Како и САРС-от, короновирусот се пренесува меѓу луѓето преку дишење, а кинеските здравствени работници соопштија дека тој може да мутира и да се шири понатаму.

Првиот случај на новиот вирус беше потврден на 31 декември, а оттогаш се откриени случаи во Јапонија, Макао, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и САД.

Светската здравствена организација во средата ја одложи одлуката дали да прогласи глобална здравствена вонредна состојба – редок инструмент кој се користи само за најтешки епидемии.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нов силен земјотрес во БиХ

Почвата во областа на Херцеговина не се смирува, а последните земјотреси се забележани попладне и вечерва во Невесиње…