Кирацовски за Тамара: “Гази напред и уште долго прави не горди …”

По два дена жестоки напади кон пејачката Тамара Тодевски која на прослава во Американската амбасада направи како што таа кажа ненамерен пропуст , се јавија музичари и политичари кои и даваат отворена поддршка, оправдувајќи ја дека секому може да му се случи грешка. Поддршката ја пишуваат на своите профили на социјалните мрежи каде пак поради жестоките напади Тамара објави дека се откажува од најавените концертни настапи на Пиво Фест во Прилеп и солистичкиот концерт во Охрид. По поддршката од премиерот Зоран Заев , поддршка дојде и од Александар Кирацовски висок функционер во СДСМ. Еве што напиша на социјалните мрежи.

За Тамара…

Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи луѓе, туку затоа што лично ги доживуваат, на своја кожа.

Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон.

Иако сум гледал многу истакнати општественици и политичари, мои колеги, како на различни државни настани и церемонии ненамерно го грешат основниот текст на химната, па тоа симпатично го преминуваат, сепак на Тамара мораше „душата да и се извади“.

– Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек!
А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе!

Total
0
Shares
Поврзани објави