Ќе се намалат деновите на изолација по прележана корона

Во текот на оваа недела Комисијата за заразни болести ќе разговараат за евентуално намалување на деновите што треба да се минат во изолација откако пациентите ќе го прележат заболувањето. За Фактор од Комисијата појаснуваат дека веќе сега, во август имаат сосема нови сознанија за Ковид-19 кои претходно, односно до јуни-јули не ги знаеле, зааради што можено е пациентите откако ќе ја прележат болеста да не мора толку долго да бидат во изолација.

Тие велат дека се во постојан контакт со Светската здравствена организација и со други релевантни институции кои се целосно посветени на ова.

„Имаме научни сознанија за корона вирусот кои претходно не ги знаевме, а тоа е дека тестовите на пациентите и по прележана болест може да покажат дека се позитивни само заради тоа што во организмот се уште остануваат мртви клетки од вирусот кои тестовите ги детектираат, но тие се сосема здрави и не се ризик за ширење на Ковид-19“, вели за Фактор епидемиологот д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за здравство и директор на Центарот за јавно здравје.

Тој вели дека не е во ред пациентите да остануваат во изолација се додека тестовите се негативни, а имаме случаи кога дури и по неколку тестирања, тие мора да останат дома зошто ПЦР тестовите се позитивни.

Според него, ќе треба убаво да се изанализира за да се донесе одлука затоа што некои пациенти многу лесно го минуваат заболувањето, додека други имаат тешка клиничка слика, поради што и откако ќе се излечат остануваат позитивни.

-Кај оние пациенти кои долго време се бореле со болеста, ПЦР тестовите и понатаму откриваат остатоци од вирусот, но тоа не значи дека тие и понатаму се заразни за другите. Затоа време е да поразговараме за промена на алгоритмот“, додава Стојанов. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави