Кои се кафичите на кои ќе им се рушат терасите во Центар

По извршениот инспекциски надзор на угостителски објекти на територијата на Општина Центар со кој се утврдува легалноста на поставена урбана опрема надвор од деловен објект, Општина Центар започна со отстранување на нелегалните тераси на повеќе од 20 објекти, а во процедура се и други извршни решенија по кои општината ќе постапува во наредниот период.

Предмет на отстранување се објектите кај кои е утврдено дека, и покрај немање Одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, истите ја поставиле опремата и направиле тераси со кои бесправно узурпирале јавен простор.

На листата објекти кај кои Општина Центар во изминатиов период утврдила нерегуларности и согласно тоа следува отстранување на терасите се: Ресторан Гурмет, Кафе бар Паладиум, Кафе бар Кофи Фектори, Гостилница Сушико, Гостилница Лантерн, Ресторан Барака, Кафе Бар Броз Кафе, Гостилница Фрути ди Маре, Кафе Бар Деус, Бистро Правда, Кафе бар Нано бар, Гостилница Бруклински, Гостилница Булевар, Кафе Бар Винил, Кафе бар Џус Бар, Кафе бар локал 45 и Гостилница Сквер.

соопштение Општина Центар

Total
0
Shares
Поврзани објави