Кој е уапсен во акцијата со Боки 13?

Попладнево Обвинителството за организиран криминал односно шефицата Вилма Рускоска и Јавниот обвинител Љубомир Јовески ќе одржат прес конференција на која се очекуваат повеќе детали околу задржувањето на сопственикот на 1тв во полиција.

Тој е приведен по барање на Обвинителството , но интересно е што истовремено е приведено уште едно лице чие име кружи во медиумите. Според информации на Досие се работи за познат припадник на криминални кругови кои се занимаваат со продажба на дрога и биле блиски со поранешни високи структури во полицијата на поранешната власт.

Името на човекот приведен со Бојан Јовановски се поврзува со познат локал во Скопје со егозтично име кој го поседуваше со исто така позната група од бизнисмени. Во локалот се одржуваа забави до раните утрински часови но дружбата на оваа група со структурите од полцијата заврши.

Упасениот сега е сопственик на фабрика за камен во Гостивар заедно со инспектор од една скопска Општина.

Која е неговата повразност со случајот на Бојан Јовановски ќе појасни обвинителството за еден час. До сега само се претпоставува дека се работи за рекетот за кој пишуваше приказни новинарот Бранко Геровски, а Бојан јавно потврди дека се препознал во приказните.

Досие.мк не ги објавува имињата на упасениот и неговите соработници почитувајќи ја презумцијата на невиност.

Total
0
Shares
Поврзани објави