Кој е терорист со потекло од Тетово кој пукаше во Виена и застрела седумина меѓу нив момче од струшко

21-годишниот Н.В. со потекло од Велешта, струшко, вчеравечер е убиен во терористичкиот напад кој се случи во центарот на Виена.

Според членовите на семејството, во моментот тој бил излезен во кафуле каде бил со пријателите.

Како што веќе потврдија и тамошните власти, во Виена синоќа загина уште едно лице по потекло од Северна Македонија, но, тој беше еден од напаѓачите и беше застрелан од полицијата. Се работи за Кујтим Фејзулаи.

Австрискиот адвокат Николаус Раст кој во претходно судење го бранел убиениот терорист Кујтим Фејзулаи вели дека тој растел во сосема нормално семејство, но дека имал несреќа да се дружи со погрешни луѓе.

– Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше боксер, вака Раст го опишал својот поранешен штитеник, кој синоќа направи масакар во Виена.

Виенскиот адвокат истакнал и дека никогаш не би помислил дека Фејзулаи би можел да стане атентатор. Инаку, Раст го бранел Фејзулаи, момче со албанско-македонско потекло, на судењето во април минатата година кога е осуден на затворска казна од 22 месеци заради обид да се приклучи на Исламската држава во Сирија. За него се дозна откако мајка му го пријави за исчезнат, па се шокажа дека се обидел да отпатува на ратиште во Сирија.

Раст кој го осудува терористичкиот напад рекол дека Фејзулаи како тинејџер редовно одел во една џамија каде се радикализирал и уште го дефинирал како момче без ориентација, кое барало место во животот. За време на неговата затворска казна за дерадикализацијата се грижело здружението Дерад кое е специјализирано за тоа. А кон крајот на минатата година било оценето дека Фејзулаи повеќе не е опасен и бил пуштен од затвор пред време.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Не постојат дополнителни услови во преговарачката рамка, но секоја држава, за секое поглавје може да дава забелешки, вели Ковачевски

Германскиот канцелар, вели Ковачевски, ги повтори тие гаранции кои веќе стојат во преговарачката рамка. Други услови не може…