Кој ќе ги спроведе изборите за ректор на УКИМ, паѓаат оставки

Претседателот на Универзитетската изборна комисија, Пламен Тројачанец, и уште тројца други членови на комисијата задолжена за ректорските избори денеска си поднеле оставка.

Преголеми игри, притисоци, вулгарно и несоодветно однесување на претставници на академската средина ме натераа да се откажам. Трпев големи притисоци и не сакам повеќе да бидам дел од изборите. Уште на почетокот кога беа распишани изборите укажувавме дека роковите се прекратки и дека треба да се почека, дека законска е целата процедура, меѓутоа, не е академска и хумана. Имав и суптилни и медиумски притисоци и напади кои не им доликуваат на академски граѓани. Нам не ни беше достапен ниту извештајот на Државниот просветен инспекторат, во кој стои дека не сме требале да ја продолжиме работата по прогласувањето на вонредната состојба на 15 јуни. Јас сум искрено многу разочаран од УКИМ – вели Тројачанец.

Освен Тројачанец, од Комисијата заминале и Катерина Здравкова од ФИНКИ, Живојин Глишиќ од Факултетот за музичка уметност и Петар Антевски, претставник на Универзитетското студентско собрание.

На местото на Тројачанец доаѓа заменик-претседателката проф. д-р Гордана Лажетиќ. Нејзина заменичка ќе биде проф. Калина Треневска-Благоева. Секој од членовите на комисијата има свој заменик.

Во извештајот на Државниот просветен инспекторат од 18 јуни до Министерството за образование и до министерот Арбер Адеми, меѓу другото, стои: „…и покрај распишаните избори и прогласената вонредна состојба, активностите за избор на ректор од страна на Универзитетската изборна комисија не се прекинати. Тоа не е во согласност со донесената Уредба од 5 јуни 2020“.
Денеска и Државната комисија за спречување корупција соопшти дека очекува „министерот итно да се изјасни и да постапи по наодите за прекршување на одредбите од наведената уредба.“ Антикорупциска денеска имаше соопштение во врска со постапката за избор на ректор, како и за конституирањето на новиот Сенат на УКИМ.

На соопштението на Антикорупциска, реагираше ректорот на УКИМ Јанкуловски.
Зачудени сме од недовербата на ДКСК во наодите на ДПИ за прашања коишто не се во надлежност на ДКСК. Добивањето одговор што не ги задоволува очекувањата не смее да генерира недоверба во државни институции коишто навремено и целосно се произнеле во однос на барањето упатено од ДКСК, стои во реакцијата на Јанкуловски.

Извор: Fakulteti.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави