Кој не носи маска на отворено казна од 20 евра

Денеска стапија на сила новите мерки против ширење на пандемијата на корона ворусот откако вчера пратениците ги изгласаа измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Кој не носи маска на отворено ќе биде казнет со глоба од 20 евра, а маска не мора да носат децата под шест години и лица со посбени потреби. Истот така, надвор маска нема да носат лицата што активно спортуваат, додека возат возило сам или со членови на семејството, претсојуваат во двор на семејна куќа или ако се ноаѓа во угостителски објект каде се почитуваат шротоколите.

Тој што ќе се групира на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, му запретува казна до 500 евра, додека на лицата што нема да ја почитуваат самоизолацијата глоба од 50 евра.

Со законските измени се зголемуваат ингеренциите на инспекциските служби, во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, кои вклучуваат и затворање на угостителски објекти доколку не ги почитуваат ковид протоколите.

Остануваат на сила и претходно донесените мерки за носење заштитна маска, шал или марама во јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете, како и почитување на ковид протоколите.

Total
0
Shares
Поврзани објави