Комисијата за заразни болести предлага отварање на границите со соседите

Комисијата за заразни болести до владата ќе предложи укинување на ПЦР тестовите за влез во Северна Македонија на граѓаните од соседните земји, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање.

Нема висок број на увезени случаи во земјава со ковид-19 од овие земји, соопштуваат од Министерството за здравство повикувајќи се на нивни внатрешни анализи на ситуацијата.

„Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без ПЦР тестирање“, велат од Министерството.

Македонските граѓани без ковид тест може да влезат само во Албанија и Србија, во Бугарија и Косово не е дозволен влез без ПЦР тест направен 72 часа пред пристигнувањето.

Грција ги продолжи до 12-ти октомври мерките за привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања на земјата и на забраната за влез на државјани на трети земји

Total
0
Shares
Поврзани објави