Кондарко: Шетам деца, немам време за навредите на Најчевска!

Членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, ни чул, ниту видел дека претседателката на новата партија ТВОЈА, Мирјана Најчевска, преку фејсбук брутално го навредува нарекувајќи го издрогиран човек.

„Сега шетам деца, ништо не сум видел, ни прочитал“, вели Коднарко за Досие во врска со навредите на Најчевска.

Тој вели дека нема намера да се нервира со луѓе како Најчевска, кои кога ги навредуваат другите, повеќе зборуваат за себе.

Агресивната и брутална реакција на Најчевска дојде по изјавата на Кондарко дека приговорите на опозицијата се паушални и неоснаовани.

Ова важи и за претходно и отфрлените приговори на Левица и за сите наредни приговори кои ќе ги разгледуваме. Сите имаат исти наводи и основи“, изјавил Кондарко.

На ваквата оценка на Кодндарко, Најчевка коментира: Живееме во бојка или во сон на некој многу издрогиран човек!

Н.С.

Total
0
Shares
Поврзани објави