Конзул, бизнисмен и адвокат сведочат за “Рекет” – 2 милиони евра и нема предмети во СЈО

Адвокатот Сашко Бошков, кој е и доскорашен неизвршниот член на Одоборот на директори на штипски „Бетон“ во стечај е првиот од тројца сведоци предложени од обвинителство, кој сведочи денеска на судењето за случајот Рекет.

На втората средба со Бојан Јовановски, која се однесуваше на медиумска поддршка бев со кошаркарот Владо Илиевски кој кога ми се јави ми рече дека му се јавил Боки и дека треба да одиме кај него во ‘1ТВ’. Кога стигнавме, Боки ми рече ‘Ти си близок со Зоран Митровски’, јас реков ‘Да, тој ми е кум’, тогаш тој ми рече ‘Тој има предмети во СЈО, освен Поштенска банка, има и други предмети’, а јас не знаев за тоа. Боки се јави некаде, зборуваше на телефон, се слушаше женски глас. Тогаш Боки ми рече ‘Може и да нема предмети. Може да се заврши, треба да се плати 2 милиона’. По средбата, кога ме испраќаше, слезе Боки во ходникот, викна ‘Лазе’ по што дојде едно плаво момче, се поздрави, се претстави“, сведочи адвокатот Сашко Бошков.


Покрај Бошков, како сведоци ќе се појават и бизнисмените Зоранчо Митровски и Томе Главчев, двајацата осомничени во случајот „Поштенска банка“.

Митровски пријавил во Обвинителството за што има и записник, дека е еден од бизнисмените,кој бил рекетиран. Митровски, кој е почесен конзул на Латвија, пред Обвинителството изјавил дека преку нерезидентниот амбасадор на земјата го информирал министерот Никола Димитров дека бил рекетиран од групата на Бојан Јовановски , Зоран Милески Кичевец и Катица Јанева. Во записникот, бизнисменот тврди дека откако бил рекетиран, тој пријавил кај амбасадорот на земјата во која е почесен конзул, а амбасадорот го информирал Димитров.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави