Косовските власти смируваат- нема коронавирус британка превентивно дошла во болница

Министерот за здравство на Косово, Арбен Вити, одржа вонредна прес-конференција, по информацијата за сомнителен случај на корона вирусот во Косово.

Тој кажа дека станува збор за жена, но додаде дека симптомите не укажуваат оти во прашање е коронавирус.

Причината за прес-конференцијата е со цел да не се предизвика паника. Станува збор за странска државјанка која работи на Косово и Метохија. Личноста престојувала во ски-центар со пет други лица. Имала лесна кашлица, без треска и други симптоми, но сепак решила да ги предупреди надлежните и дошла на Клиниката за инфективни болести изјавил Вити.

Тој посочи дека резултатите ќе бидат познати до 11 часот, но истакна дека најверојатно не станува збор за коронавирус. Косовските медиуми пишуваат дека наводно се работи за жена од Велика Британија.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пендаровски бара организаторите во Тетово и Чаир каде имаше провокативна националистичка иконографија законски да се санкционираат

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски утрово испрати реакција по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, каде во…