Костовски: СДСМ ја затвори Еуростандард банка за да ја продаде поштата

Трифун Костовски, сопственикот на Еуростандард банка тврди дека затварањето на неговата банка е смислено сценарио на СДСМ за продавање на Македонски пошти. Костовски во вечерашното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” рече дека со затварање на банката со еден удар се убиват две муви.

„Веќе има и најава, размена на територии условно кажано. Ако ДУИ до сега ја владееше македонска пошта, сега ќе биде СДСМ. Видете вака тоа само на мало дете може да му изгледа наивно. Ни најмалку не е наивно, со еден удар две муви убија, Банката ја уништија, македонски пошти ќе ги симнат на колена, ќе има отпуштања, ќе ја купи некој за евтини пари“, тврди Коствски

Тој смета дека банката има доволно капитал да ги подмири сите оштети, но само доколку стечајот заврши во максимално брз временски период.

Total
0
Shares
Поврзани објави