Кривичен ротира судии иако Прибе и власта тоа го критикува

Во Кривичен пак промени и повторно по стара пракса делегирање на судии од други судови. Власта зборуваше дека во Кривичен во времето на претходната власт биле делегирани подобни судии и дека тоа не е добро.

Но сега и по две години на промени повторно се делегира судија од друг суд. Од Основен суд Куманово во Кривичен суд повторно е делегиран судијата Јусуф Ајрулаху кој претходно  беше вратен во Куманово.

За изненадување е и тоа што повторно се прават рокади на судии надвор од годишниот распоред за работа што до скоро беше критикувано и од Прибе и од власта. Така на пример од денес судијата Татјана Михајлова од прекршочниот оддел е трансферирана во одделот за малолетници. Нејзе јавноста ја запозна како в.д. Претседател  на судот и беше критикувана токму поради рокади и распореди кои сега ги прави новата гарнитура во судот. Самата се повлече од привременета функција. Таа го судеше и првиот предмет против екс премиерот Никола Груевски , насилство во Општина Центар.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави