Кривична пријава против директорката на кожно која не сакаше да се тестира заради која 200 лекари се во изолација

Министертвото за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешната директорка на Клиниката за кожни болести а Нина Цаца Билјановска.  Техничкиот министер на МВР, Наќе Чулев денес извести дека поранешната директорка се вратила од Италија на 29 февруари, а коронавирусот и бил потврден на осми март. За цело време таа одела на работа и водела симпозиум на кој имало повеќе од 100 здравствени работници, атак што поради контактот со неа, во изолација се околу 200 лица.

„Поранешната директорка направила влез во државава на 29 февруари. Против нејзе и против сите лица кои не ги почитуваат препораките, согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик е поднесен соодветен поднесок до Обвинителството “, рече техничкиот министер Наќе Чулев.

Членот 205 од Кривичниот законик се однесува на кршење прописи или наредби со што се предизвикува пренесување заразна болест, а членот 206 се однесува на сторител кој за време на епидемија на заразна болест не постапил според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

Откако на ексдиректорката и беше потврден коронавирус, затворен беше целиот оддел. Сите 64 вработени се во изолација. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека досега кај никој од нив не се појавиле симптоми.  Цаца Билјановска се лекува на Клиниката за инфективни болести.

Total
0
Shares
Поврзани објави