Крваната група може да влијае дали некој ќе развие потешка форма на Ковид-19, истражување на научници од повеќе Европски земји

Генетските истражувања направени на пациенти со Ковид-19 сугерираат дека крвната група може да влијае на тоа дали некој ќе развие потешка форма на болеста. Научниците кои споредиле гени од илјадници пациенти во европа пронашле дека оние со крвна група А има повеќе можности да развијат посериозни форми на болеста, за разлика од оние со крвна група О (нулта).

Ова го покажа истражувањето, кое германските и норвешките истражувачи го објавија во медицинското списание „Њу Ингланд“.
Во Германија 43 отсто од наслението е со крвна група А, додека 41 се со крвна група О. Луѓето со крвна група О- исто имаат улога во донацијата на крв, бидејќи се сметаат за универазлни донори, додека оние со крвните групи Б и АБ не се многу распространети и зафаќаат 11 и 5 проценти од наслението.
Од студијата може да помогнат во развој на лекови, како што беше случајот со маларија кога беше утврдено дека луѓето со крвна група О поретко заболуваат.

Истражувањето прецизно не ја потврдува поврзаноста на крвната група со одговорот на инфекцијата, но ги потврдува претходните извештаи од Кина дека постои таква поврзаност.
„Повеќето од нас го занемарија тоа, бидејќи тоа беше многу сурова студија. Но со новата работа сега верувам дека може да биде многу важно“, рече д-р Прамсвар Хари, специјалист за крв при Медицинскиот колеџ во Висконсин.

Другите научници предупредуваат на внимателност, и велат дека истражувањата не се доволни за да бидат сигурни.
Во работа на студијата беа вклучени научници од Италија, Шпанија, Данска, Германија и други земји, кои споредиле податоци од 2.000 пациенти со тешки форми на Ковид-19, со податоците од илјадници други луѓе кои биле здрави или имале благи симптоми. Истражувачите ја поврзуваат варијацијата на шест гени со можноста да се развие потешка форма на болеста, вклучувајќи дека некои може да имаат улога колку луѓето се ранливина вирусот. Тие исто така крвната група ја поврзуваат си можен ризик.

Total
0
Shares
Поврзани објави