КСС: Ќе се намали администрацијата за да има партиски вработувања

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија предупредува дека најавите на СДСМ за намалување за 20 посто на администрацијата се прави поради партиски интереси со цел да избрка едни, а да вработуваат нивни луѓе.

„ Наместо лидерот на СДСМ, Зоран Заев да најавува отпуштање на 20% или 30.000 работници од јавниот сектор, во интерес на државата и сите граѓани на нашата држава, бараме Владата да го спроведе законот за работни односи и да се погрижи за сите социјално загрозени семејства и работници или во спротивно ќе следи социјална криза“, стои во реакцијата на КСС.

Тие тврди дека во услови кога е намален обемот на работа во јавниот сектор поради економската и здравствената криза, вработените со договор на определено време и преку авторските агенции, им се продолжуваат договорите поради зголемување на обемот за работа.

„Повеќе од јасна е целта, да се избркаат едни, а да се вработат други работници поради лични и партиски интереси што е противзаконски чин и ние, КСС, како национален синдикат дејствуваме и се бориме да бидат заштитени правата на работникот“, стои во реакцијиата на КСС.

Според нив, треба да се вратат на работа отпуштените и да се укинат партиските вработувања, а заштедените средства да се користат за обештетување на оние кои реално го изгубиле работното место поради економската и здравствената криза. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави