Во Охридското езеро денеска се удави едно лице.Н еофицијално станува збор за момче од Куманово кое пред малку е пронајдено мртво откако попладнево заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка, а тргнале од плажата Магнус. Момчето паднало од педалинката. Во тек е увидот од страна на полициски екипи и се работи на утврдување на идентитетот на лицето, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за Курир. Охридската полиција пред околу два часа добила пријава дека во водите на езерото кај плажата Магнус исчезнало машко лице откако скокнало во Охридско од пловен објект, по што не се појавило на површината. Димоски вели дека екипа на езерската полиција веднаш излегла на терен, по што по извршената потрагата било пронајдено безживотно тело на машко лице кое било извлечено од езерото.
Поврзани објави
ФОТО: Скопјанка најде бубачка во виршла во пакување од позната фирма
Скопјанка објави дека утринава во пакување од виршли на позната фирма пронашла бубачка. Фотографијата е објавена на социјалните…
НОВИ ДЕТАЛИ: Две кучиња го искасале до смрт 8- годишното дете во Пинтија, изолирани се и ставени под надзор на ветеринар
Кучињата кои го нападнале осумгодишното дете во скопската населба Пинтија се изолирани и ставени под надзор на официјален…
Јане Ченто и Горан Ангелов присуствуваат на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател
ане Ченто и Горан Ангелов, двајцата осудени за 27 април, кога го бранеа македонското собрание, присуствуваат на Конвенцијата…
Стигнале првите пријави за врсничко насилство на мејловите кои ги отвори МОН
Поплаки за врсничко насилство во Македонија пристигнале на е- маил адресата на Mинистерството за образование и наука (МОН). …