Куманово и Тетово вечерва најзагадени градови

Куманово и Тетово вечерва се најзагадени градови во Македонија според податоците од мерните станици. 

Слична е состојбата и во Битола, Гевгелија, Кавадарци и Кочани како и во делови од Скопје. 

Во 17 часот во Бардовци е измерено многу високо ниво на ПМ 10 честички во воздухот од 94 микрометри на метар кубен.

Квалитетот на воздухот е исто така 94, што значи дека воздухот е многу загаден и треба да се затвораат прозорците, да се избенува активност на отворено и да се носи маска.

Total
0
Shares
Поврзани објави