КЗБ бара скратено работно време за рестораните

Комисијата за заразни болести препорача скратување на работно време до 21 часот на сите кафулиња, ресторани и други угостителски објекити. Мерката ги вклучува местата каде се групираат луѓе на помал простор, а има ризикот за ширење на вирусот е многу поголем.

Тие знаат дека мерка е непопуларна за економијата, но во моментов е најважно здравјето на луѓето и да се избегне целосен колапс на здравствениот систем.

-Во моментов во болниците веќе имаме над 700 хоспитализирани пациенти, а сите кои се хоспитализирани значи дека се во тешка ситуација. Нашите болници се програмирани за до околу 1.000 болни од ковид, се што е повеќе, ќе биде огромно оптоварување. Секојдневно се прават и огромни реорганизации и ротации на докторите и другиот медицински кадар, така што сметаме дека овие мерки можат да го ублажат актуелната состојба, велат за Фактор од Комисијата за здравство.

Според нив, ваквата мерка во голема мера ќе ја намали трансмисијата на корона вирусот.

-Ова е само препорака, се додека Владата не одлучи како ќе биде. Сметаме сепак дека овој наш предлог ќе биде прифатен, особено поради фактот што во земјава епидемиолошката состојба е лоша, со голем број новозаразени на дневна основа, но и со голем број починати пациенти од корона вирусот, велат од Комисијата за заразни болести.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нови тројца заболени од корона

Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците…