КЗБ препорача укинување на ПЦР-тестот за соседните земји

Комисијата за заразни болести и препорачува на Владата да го укине задолжителниот ПЦР негативен тест за влез во Македонија, а одлуката треба да се донесе на првата владина седница. Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство се координираат со соседните земји за взаемно укинување на тестовите.

Директорот на ИЈЗ Шабан Мемети вели дека укинувањето на тестовите е од регионален интерес.

„Сметаме дека е во регионален и меѓудржавен интерес да се укинат ПЦР тестовите. Одредени држави имаат одредени зголемувања или намалувања на случаите на Ковид-19, додека ние како земја имаме анализа за тоа што може да не чека. Не мислам дека тие ќе бидат против укинување на ПЦР тестовите“, изјавил за Алсат-М, Мемети.

Ако нема регионален договор, властите ќе ги укинат тестовите само за Косово и Србија.

„Како земја, мора да имаме мултилатерални договори меѓу државите. Но, ако не постигнеме такво нешто, мора да склучиме билатерални договори со одредени земји“, додава Мемети.

Потребата од укинување на негативните ПЦР тестови како механизам за закрепнување на економијата  беше нагласена и од угостителите во регионот на Охрид и Струга.

Одлуката на владите ќе биде донесена откако американската амбасада во Скопје назначи и свои  посредници за поголема ефикасност  на процесот.

Total
0
Shares
Поврзани објави