Османи негира дека Мицковски и Ахмети договориле коалиција

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ни ги потврдуваат, ниту ги демантираат шпекулациите во медиумите дека Христиан Мицковски и Али Ахмети постигнале начелен договор за формирање на нова влада.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во врска со информацијата на весникот Лајм за новата владата со премиер Лазе Еленовски, за ТВ21 изјавил дека нема никаков договор за коалиција ни со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ.

Сличен одговор имаат и во ВМРО-ДПМНЕ од каде ни ги потврдуваат ниту ги демантираат ваквите написи, додавајќи само дека работат на формирање на влада.

„ВМРО ДПМНЕ работи на формирање на парламентарно мнозинство. Информациите од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме ниту да демантираме“, велат од партијата.

Шпекулациите за можна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ следуваат откако лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој воедно се сретна и со претставниците на албанската опозиција, Зијадин Села и Африм Гаши.

Наводно, Еленовски е прифатливо решение за двете странаи, кој е од мешан брак, татко Македонец, а мајка Албанка. Со тоа Ахмети се надева дека ќе го испони ветувањето за премиер Албанец.

„Лајм“ пишува дека она што преостанува е Мицкоски да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев да ја поддржи оваа владина коалиција.

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во Собранието заедно имаат 59 пратеници, а за мнозинство им се потребни и двата пратеника на Левица. Инаку, Еленовски по заминувањето од министерската позиција во одбрана беше амбасадор во Брисел, а потоа и специјален пратеник на Владата во НАТО. Во пресрет на претседателските избори во 2014 година имаше информации дека бил предлог на ДУИ за консензуален претседател. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави