Левица го осуди арогантниот однос на Шилегов кон пожарникарите

Левица го осуди самоволието и арогантниот однос на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кон барањата на пожарникарите за надомест за ризик на работно место и го повикуваат да почне да ги решава проблемите или да пондесе оставка.

„Наместо да наидат на разбирање кај „таткото“ на Град Скопје, работниците беа пречекани со крајно несериозен и игнорантски однос. Имено, Шилегов не понуди никакво решение, туку напротив, тој ги нападна и уцени работниците“, реагира Левица.

Тие го петцетуваат Шилегов на ветувањата на премиерот Заев на претставниците на Независниот синдикат лани дека дека се обезбедени финансиски средства за плати на сите пожарникари согласно закон.

„Доколку градоначалникот тврди дека одговорноста е во централната власт, која трансферира блок – дотации, тогаш нека праша во својата партија, зошто има средства за платите на советниците на Заев, кои се двојно поголеми од платите на пожарникарите!“, стои во реакцијата, во која се изразува целосна поддршка за противпожарната бригада од Автокоманда.

Total
0
Shares
Поврзани објави