Лидија Неделкова едногласно разрешена и суспендирана, не одела на работа оти и се скршил службениот телефон

Членовите на Судскиот совет на денешната седница донесоа едногласна одлука да ја разрешат од функцијата врховната судијка Лидија Неделкова. Освен што е разрешена Неделкова е и суспендирана, односно не смее да оди на работа се до правосилноста на одлуката.

-Констатиравме дека она што е утврдено во Извештајот на Комисијата составена од тројца членови на Судски совет е основано. Основано е дека тоа се факти кои се утврдени врз основа на изведени докази, и тоа на секој доказ поединечно, на сите докази заедно, како и врз основа на резултатите од целокупната постапка, изјави претседателот, Киро Здравев по завршувањето на седницата.

Против оваа одлука судијката Неделкова има право на жалба до Советот при Врховниот суд.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, Здравев рече дека причините се „ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски, повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика“. Според неофицијални информации од Судскиот совет, една од причините за разрешувањето било и тоа што за време на референдумот кога итно требало да се одлучува по жалби, Неделкова не одела на работа со образложение дека и се скршил службениот телефон. Иако не добила одмор, сепак не одела на работа.

Неделкова беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд. Судскиот совет во петокот ја избра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Поевтинуваат горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98…