Ликвидирана озлогласена шефица на мексикански нарко-картел

Марија Гвадалупе Лопез Ескивел, 21-годишната озлогласена шефица на еден најмоќните мексикански нарко-картели е убиена во престрелка во Мексико.

Ескивел, позната како „Ла Катрина“ заедно со уште седмина членови на нејзиниот нарко-картел ги нападнала мексиканските безбедносни служби во Мичоакан, а починала во болница откако била ранета во престрелките.

Мексиканските власти соопштија дека покрај тоа што била убиена шефицата на нарко-картелот, исто така биле уапсени и уште шест членови на нејзината банда. Запленета била и огромна количина на муниција и оружје.

https://youtu.be/oj8UEZtyFL8

Мексиканските медиуми објавија и видео на кое можат да се видат последните моменти од пресметката на „Ла Катрина“ со мексиканските безбедносни сили. Таа потоа била превезена со хеликоптер во болница, но им подлегнала на тешките повреди, од кои еден куршум ја погодил во вратот.

Инаку, полицајците не можеле да ја извлечат шефицата на нарко-картелот на друг начин освен по воздушен пат, затоа што членовите на нејзиниот нарко-картел ги блокирале сите приоди до градот кој бил целосно опколен.

Тамошните власти потсетија дека токму „Ла Катрина“ била дел од криминалната банда која минатата година го шокираше Мексико откако беа ликвидирани 13 полицајци.

Total
0
Shares
Поврзани објави