Лила: Не сме скарани но не сме повеќе ни пријатели со Боки

Од неговата15-та година го познавам Бојан Јовановски. Неколку пати се имавме скарано и не разговаравме, но потоа се смирувавме. Откако беше отворена неговата телевизија дадов донација од 25.000 евра, а подоцна дадов и позајмица од 500.000 денари за 1ТВ“, изјави денеска во суд водителката Лила Филиповска во случајот “Рекет”.

– Мене никој не ми уплатил пари, јас тие пари од моја сметка ги имам платено. Со Јовановски сме биле на неколку викенд одмори. Денот кога бевме вратени од граница беше планирано да одиме заедно со уште две лица на Миконос, вели таа.

Сведочеше и кумата на Бојан , Мери Дика. Таа кажа дека Бојан го знае од дете. Неговото семејство било просечно се до враќањето на Бојан од Блеград. Тогаш тој веќе бил променет и колку што таа знае работел на проекти за ранливи категории на луѓе. Од тие проекти ја купил куќата во Орман, а самиот кажал дека е избран за претседател на Мегунадоредн сојуз на собрание на кое имало многу видни луѓе. Таа се познава со мајка му 50 години уште од средношколски денови а патувале заедно во Милано каде што живее нејзиниот син.

Посебен интерес ќе има сослушувањето на шефицата на кабидент на Катица Јанева која и беше верна сенка секаде додека беше на позицијата шеф на СЈО.

Total
0
Shares
Поврзани објави