Лиле Стефанова останува на “Имерија”, Русковска го бара кртот

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овластил обвинителката Лиле Стефанова и понатаму да остане надлежна за предметот „Империја“.

Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела:  Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Додека трае оваа истрага се води и интерна истрага во Обвинителството на Русковска и се бара кртот кој нуди доверливи документи од случајот Рекет. Се проверуваат безбедносните камери во зградата на Апелациониот суд каде е сместено обвинителството како и телефонските комуникации на лицата кои биле контактирани околу исказот на Кичевскиот и продажба на тајни документи.

Total
0
Shares
Поврзани објави