Лиле Стефанова: За секоја шпекулација ќе превземам законски мерки

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, ја демантира информацијата дека е уапсена. Оваа информација утринава се појави на социјалните мрежи, но и во неколку медиуми. Откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отвори истрагата за случајот „Рекет“, дел од медиумите постојано го споменуваат нејзиното име, но обвинителката воопшто не е осомничена.

-Најостро ја демантирам информацијата дека сум била уапсена. За секоја идна шпекулација ќе превземам соодветни законски мерки, изјави обвинителката Стефанова за „Фокус“.

Претходно медиумите шпекулираа и дека е извршен претрес кај обвинителката, но таа информација лично ја демантираше Стефанова, но и обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата.

Во „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски- Кичеец, а под лупа на Русковска единствено е обвинителката Катица Јанева, но засега ниту таа не е осомничена.

Обвинителката Стефанова неодамна на прес конференција во СЈО изјави дека решенијата за домашен притвор на бизнисменот Орце Камчев и тоа да му се даде времен пасош, ги потпишала Јанева.

извор: Fokus.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави