Љубчо Георгиевски:Жан Митрев е еден од Македонците кои добиле најмногу

Му отстапивме цел кат во Воена болница, каде државата вложи 15 милиони евра, потоа сета странска помош што доаѓаше во опрема му ја дававме на кардиохирургот Жан Митрев. Држеше монопол долго време и не е во ред да плука по Македонија, земјата која му даде многу, вели во интервју за Поглед, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Самиот беше претседател на Владата пред 20 години, токму тогаш кога се отвори кардиохируршкиот оддел на Жан Митрев. Георгиевски во детали објаснува како почнувале. 

Кога дојдовме во 98 година Македонија воопшто немаше кардиохирургија и сите пациенти се испраќаа во странство, тие со политички врски во Германија и Америка, а обичниот народ најмногу во соседна Србија. Така што сакавме да го исполниме сонот да имаме кардиохирургија за да можат и македонските доктори да се специјализираат, но и да не се даваат пари кон странство. За таа цел ние како Влада си поставивме задача дека тој сон треба да го реализираме и добро се сеќавам дека тогаш таа задача ја дадовме на господинот Никола Кљусев кој и покрај тоа што беше министер за одбрана кажа дека добро се знае со Жан Митрев кој тогаш беше кардиохирург во некоја болница во Германија, вели Георгиевски.

Тврди дека ако илјадници граѓани на Македонија можат да се пожалат дека не добиле ништо од државата Македонија, тоа сигурно не е Жан Митрев за кого вели дека е еден од Макеоднците кои добиле најмногу. 

Имено сакам да ја потсетам јавноста дека Жан Митрев отстапи цел спрат во воената болница, му го реновираше и му го опреми и не ме држете за збор, но мислам дека вложи во медицинска техника и апарати над 15 милиони марки што значи дека денешни 15 милиони евра. Дополнително на тоа и странска помош што доаѓаше, ја отстапувавме во неговата болница, добро се сеќавам на многу скапи апарати кои грчката влада ни ги поклони во тоа време, а ние му ги преотстапивме на Жан Митрев. И да не зборувам конечно за монополот од чисто бизнис аспект кој државата од тогаш па до отварањето на кардиохирургијата во Систина, му беше забетониран не само од нашата влада, туку и од сите влади кои доаѓаа после нас, вели Георгиевски.

Вели и дека Владата трпела огромни критики зошто вакво јавно партнерство се воспоставува само со Жан Митрев кога истото тоа може да го добие секој добар хирург независно дали е за бубрези, абдомен или за некоја друга специјалност. 

Исто така се сеќавам кога една година од отварањето на првата кардиохирургија Жан Митрев, директорот на македонската кардиологија господинот Кедев направи обид да го донесе професорот Кирков и да се направи чисто државна кардиохирургија, какво беше плачењето и лобирањето на господинот Жан Митрев никако да не се дозволи отварањето на нова кардиохирургија. Без сомнение улогата на Жан Митрев во отварањето на македонската кардиохирургија е неспорна меѓутоа не е убаво да се плука дека Македонија ништо не му дала и не му помогнала, вели Георгиевски.

извор: Pogled.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави