Автомобилот порше на кошаркарот Перо Антиќ беше објавен на една од најпосетените и најпознати групи на ФБ „Ѕид на сообраќајниот срам“. По реакцијата на граѓаните дека автомобилот е паркиран непрописно реагираше градоначалникот на Центар и службите на ПОЦ го подигнаа возилото. Нема информација дали е платена казна.
Ова не е прв парт да се објавуваат фотографии од луксузните автомобили на Антиќ паркирани непрописно.
Претходно во август на Твитер, граѓани објавуваа дека тој во близина на просториите на КФМ често непрописно се паркира, а според лица кои често се движат во тој дел од градот, Антиќ по реакцијата прекинал да го паркира својот џип на таа локација.