Мајката на „штипскиот Питагора“: Ќе поднесеме тужба против МОН

Никица Давкова, мајката на Дамјан Давков, познат како „штипскиот Питагора“ во изјава за „Слободен печат“, потврди дека ќе поднесат тужба против Министерството за образование и наука.

„Да, ќе поднесеме тужба. Немаме нова повратна информација од МОН“, истакна Давкова за Слободен печат.

Нејзиниот син, Дамјан Давков не доби парична награда од МОН за освоеното прво место на натпревар, затоа што бил осмоодделенец, а се натпреварувал со средношколци.

Total
0
Shares
Поврзани објави