Македонците на Малта изгубија работни места, нови летови не се планирани за враќање дома

Македонската заедница во Малта преку соопштение на фејсбук ги извести македонските граѓани кои се интересираат за работни дозволи и сакаат да отпатуваат за Малта дека до месец Август не се планира отварање на авио- сообраќајот со Македонија.


Поради се поголемите пораки кои ги добиваме од ваша страна во однос на кога би се воспоставил летот со Македонија како и за работните дозволи ве информираме со следниве информации:
според информациите кои ги добиваме на дневна база од страна на MaltaGov  од повеќе причини
Доколку има доволен број на македонски државјани над 120 кои сакаат да заминат за Македонија , малтешката Влада е спремна да организира уште еден хуманитарен лет со наша помош
Доколку заминете од Малта или веќе сте заминале со хуманитарните летови вашата работна дозвола и престој се УКИНАТИ ( освен ако немате оправдани причини за напуштање на Малта – истечен пасош , лекарски проблем , смрт во семејство … )
Работни дозволи не се издаваат на НОВИ апликанти од НЕ ЕУ држави кои за ПРВПАТ аплицираат за работна дозвола ( доколку сте имале предходно нема да имате проблем со обнова )
Сите легално вработени во Малта имаат право на финансиските бенефиции кои ги доделува малтешката Влада исто како и малтежаните, се вели во соопштението на Македонската заедница во Малта.

Total
0
Shares
Поврзани објави