Македонија може да ги изгуби печалбарите

Ригорозните протоколи за влез во земјава со негативен тест на ковид-19 и дополнителна 14-дневна домашна изолација ќе значи спуштена рампа на македонските граници за иселениците кои традиционално секоја година во лето доаѓаат во татковината да го искористат летниот одмор.
Со тоа, државата може да остане и без голем девизен прилив, пари кои тие ги носат со себе и ги трошат тука.

Ако овие протоколи останат на важност и следниот период речиси и да нема некој од македонските иселеници кои ќе одлучи летниот одмор да го помине овде. Практично, нивниот 20 дневен одмор ќе треба да го поминат во домашен карантин.

Парадоксот е уште поголем што голем дел од нив, особено оние кои живеат во Италија, држава која беше најризична во Европа со заразени од ковид-19, можат слободно да се движат низ европските земји, но кога ќе дојдат во својата матична држава, тие треба да се соочат со строги мерки за влез во неа.

Неофицијално, голем дел од македонските иселеници кои живеат во Италија се самоорганизираат за да побараат од Македонија олеснување на протоколот за нивно влегување во државата.

Преку групи на социјалната мрежа Фејсбук се договараат да започнат иницијатива и преку јавувања до дипломатските претставништва да се обидат да направат притисок за нивните права да остварат одмор во татковината.

– Здраво пријатели во групата. Гледајќи што се случува во Македонија заради коронавирусот и тамошното непочитување на здравствениот протокол не може ние да ја сносиме одговорноста, зашто уште на почетокот на пандемијата на нас печалбарите ни закачија етикета дека сме криви, да не доаѓаме во Македонија за да не ги заразиме таму. Сега се отворија сите држави за своите печалбари, без тест и без карантин да влегуваат, само ние останавме по старо. Имаме одмор од 15 до 20 дена и ако отидеме во Македонија треба да го одседиме во самоизолација, плус тест треба да правиме. Кој ќе ни ја гарантира безбедноста таму, ако ние самите не ги почитуваме правилата-велат македонските иселеници од Италија.

Total
0
Shares
Поврзани објави