„Македонија пат“ за 7 милиони евра купила рекордна количина сол за годинава

Лани, за оваа сезона, Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта направи рекордна набавка од 60 илјади тони индустриска сол за 7 милиони евра. Третиот тендер по ред во последните четири години го добива демирхисарската фирма „Димакс рудници ДООЕЛ“ а договорот е во траење од две години, објави „Фактор“.

Оваа зима немаше многу снег, ниту пак потреба од сериозни чести интервенции од сол по македонските патишта. Моментно во целата држава има снежни врнежи, но снег и на дел од коловозите. Од АМСМ соопштија дека на магистралните патишта има кашест снег од интервенциите на Македонија пат. Дел од граѓаните вчера реагираа дека автопатите не се исчистени.

Ова е убедливо најголемата набавка до сега за добитникот на јавната набавка, а претходните два вредеа 2,4 милиони евра пред две години, кога беа набавени околу 20 илјади тони индустриска сол, и 1,4 милиони евра во 2017. „Димакс рудници“ редовно обезбедува и други материјали и услуги за поранешната „Македонија пат“.

Ова е рекорден издаток на јавното претпријатие, кое минатата година остварило приход од 1,085 милијарди денари, а поголемиот дел од средствата се од јавното претпријатие „Државни патишта“. Добивката, односно недотрошените пари кои лани останале неискористени изнесуваат 46 милиони денари, односно повеќе од двојно во однос на една година претходно.

извор: Фактор

Total
0
Shares
Поврзани објави