Македонија протера руски дипломат

Министерството за надворешни работи прогласило дипломат од Амбасадата на Руската федерација за непожелна личност во земјава. Одлуката била донесена согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски одности информираат од МНР.

Ваквото решение како што стои во соопштението од Министерството за надворешни работи на Амбасадорот на Русија во земјава Сергеј Баздикин му било соопштено на пред четири дена.

„Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“ – стои во информацијата од МНР.

Дипломатот добил рок од седум дена да ја напушти земјава.

Total
0
Shares
Поврзани објави