Македонското небо опасно за авиони

Кога рано утрото на 7-ми мај Папата Франциск слета на скопскиот аеродром целата држава беше на нозе, се функционираше како под конец. Освен основниот радарски систем на скопскиот аеродром,  пренесе „Телма“.

Како што добро информирани извори тврдат за Телма, во април и во мај оваа година основниот радар на скопскиот аеродром не функционирал, и тогаш навигациските служби работеле според бекап, народски кажано резервни процедури и со полуисправен радар.

Во скопската кула на летање може да се потпрат само на еден исправен радар што контролира и полетување и и слетување,  и контролорите многу често се потпираат на радарот на кулата кој е најстар и веќе треба да се расходува. Причината е поради тоа што во Македонија има стара опрема која под итно треба да се замени, но тоа не се случува поради игрите околу кредитот на ЕБРД за таа цел.

Само еден ден по посетата на папата, на југот на државата за малку можело да дојде до судар на два авиони кои лошо биле насочувани.

Пилотите ја избегнале колизијата откако свртиле од рутата.

Најсериозниот инцидент сепак се случил на охридската контрола на летање лани во септември. Тогаш требало де се тестира системот во рамки на проект исто така на ЕБРД за надградба на охридскиот радар.

Но наместо тестот да се направи преку за тоа соодветно наменет систем, инжинерите од М-нав дојдени од Скопје го прават тестот во реалноста. Радарот не го препознал тестот и крахирал, се исклучил. Небото останало без радарска контрола и авионите кои биле на небо биле пренасочувани кон други рути и аеродроми, тврдат соговорниците на Телма.

Инцидентот бил пријавен преку извештај и до владата, а денеска го потврди и генералниот секретар Рашковски. Тој го обвинува тогашниот директор на техниката на М-НАВ, Климе Чепуњевски.

Вели дека поради тоа е разрешен во април оваа година и дека е отворена истрага за него, поради што владата не ги открива заклучоците за тој случај. Чепуњевски инаку бил назначен за директор од новата влада. Сепак и покрај сите информации за инциденти Рашковски убедува дека небото е безбедно.

Проблемот е во старата опрема, набавката на новата со пари од кредит на ЕБРД е отпочната уште во 2013-та. Трае со години, а со промената на власта се сменети и дотогашните проект менаџери и раководители на проектот. Надградбата на радарот и замената со нова опрема доцни, и во опасност е безбедноста на авио-сообраќајот. Решението е да се стопира одолговлекувањето и да се модернизира кулата на летање.

Total
0
Shares
Поврзани објави