Макеоднија на чекор до НАТО – помина и Шпанија

Со 240 гласови ЗА, 21 воздржан и ниту еден против Сенатот на Шпанија  го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО. Сенаторите во Шпанија, поради тешката состојба во која се наоѓа земјата поради коронавирусот, протоколот го ратификуваа електронски без присуство во пленарната сала. Со оваа ратификацијата заврши процесот за ратификација кај сите членки на Северно-атлантскиот сојуз.

„Шпанија сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот како депозитер на Вашингтонскиот договор. Вашингтон ќе испрати информација до НАТО во Брисел и ние ќе добиеме и официјално од НАТО, ќе добиеме да го депонираме нашиот инструмент Законот за ратификација на Северноаталнтскиот договор којшто веќе беше ратификуван во Собранието“, рече Димитров.

Шпанскиот амбасадор во Скопје изрази задоволство од денешното ратификување на протоколот со што Македонија ќе стане 30 членка на НАТО.

„Шпанија и Република Северна Македонија ќе станат и формално сојузници што веќе де факто и се, продлабочувајќи ги на тој начин пријателските билатерални односи. Кога неговото височество кралот на Шпанија ќе го потпише законот и инструментот за ратификација ќе биде депониран во Вашингтон, што ќе се случи многу брзо“, рече Лоренцо Сера, Амбасадор на Шпанија.

Димитров денеска разговарал со претставници на САД за да види дали во вакви вонредни околности ќе може да заврши постапката за членство. Министерот вели дека сепак најбитно е што 29 земји-членки ја изразиле својата политичка волја Македонија веќе да стане дел од северноатлантското семејство.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Фото: После Tesla – Nikola

Компанијата Nikola објави технички детали и компјутерски рендери за електричниот пикап Badger. Споредено со Cybertruck на Tesla, изгледот…