Малевски: Заев има право, Бугарија може да стане наш стратешки партнер

Професорот и поранешпен министер за надворешни работи Денко Малевски смета дека Зоран Заев е во право, зашто од аспект на меѓународната политика, Бугарија има потенцијал да стане наш (нај)важен стратешки партнер на Балканот.

Во колумна за Плусинфо, Малевски вели дека мала земја како Македонија и нема избор во Европа без граници освен да се отвора кон соседите.

„Оттаму, добро би било нашата интелигенција да се подготви за новата соработка но и натпревар кој ја чека ако сака, во допир со поголемата бугарска култура, да го одбрани нашиот јазик и нашата посебност. Алтернативата да лежиме во ладовина и да останеме последната „конзерва“ на Балканот не постои. Европските и светските процеси се такви што насила ќе нѐ отворат“, тврди Малевски.

Тој смета дека југословенската приказна е завршена а дека отпочнување на преговорите со ЕУ е прашање од животна важност за Македонија, поради стабилноста, безбедноста, просперитетот, демократијата, фундаменталните слободи и владеењето на правото.

„Лексиката и тонот на интервјуто на македонскиот премиер слободно оставете ги на страна. Политиката има една поинаква логика од онаа на научните дебати. Тоа го знам од искуство. Не големите интелектуални умови на Полска туку електричарот Лех Валенса го изведе превратот во земјата“, вели Малевски.

Според него, последно отворање на Зоран Заев кон Бугарија ја стави бугарската политика пред невозможна дилема: дали да остане на ветото и „да го пуши Заев низ вода“ предизвикувајќи криза во Македонија, или да се откаже од ветото и со владата на Заев да соработуваат во наредните четри години.

Со определени писмени гаранции од наша страна, мислам дека изборот е јасен. Дали е Зоран Заев на прагот да оствари уште еден подвиг после оној со Грција?“, пишува Малески.

Total
0
Shares
Поврзани објави